Хабиб одбил 40 милиони долари за да се врати во УФЦ

205

Поранешниот шампион во УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, јасно стави до знаење дека гласините за неговото враќање во октагонот и неговото учество на претстојниот настан на УФЦ 300 не се ништо повеќе од трач!

„УФЦ 300 ќе се одржи без мене. Исто како и УФЦ 400“, рече тој пред неколку дена.

Во меѓувреме, стана јасно дека Нурмагомедов пред две години одбил понуда од 40 милиони долари за да ја обнови својата кариера.

„Хабиб ни кажа дека одбил 40 милиони долари за да се врати во УФЦ. Не знам колку борби му понудија или на кој настан му понудија да се натпреварува. Тој само рече: Одбив 40 милиони долари, завршив“, тврди Даниел Кормиер, кој беше негов тренинг-партнер.

УФЦ 300 ќе се одржи на 13 април во Лас Вегас (САД). 

ПретходноМОК и Даниел Димевски во „војна“ со федерациите
СледноПотврдено: Донов е ново име во Брегалница