Јуниорите утре против Косово во Струмица стартуваат со зонските квалификации

120

И машката одбојкарска униорска репрезентација на Македонија ги почнува зонските квалификации за ЕП. Од денеска во Струмица почнува турнирот на кој покрај Македонија во групата се и селекциите на Косово и Грција кои ќе се борат за првото место кое води во следната фаза.

Селекторот Ванчо Санев го направи финалниот избор на одбојкари со кои ќе се претстави на турнирот, па денеска очекува да го погледне дуелот меѓу Косово и Грција за да ги нотира и добрите и лошите страни на противниците. Македонија првиот меч ќе го има утре против Косово.

„Работиме една недела и мислам дека ќе бидеме подготвени за овој предизвик. Противнциите имаа подолг период за подготовки, но мислам дека и ние подготвени е ги дочекаме двата дуели. Од денешниот меч меѓу Косово и Грција ќе имаме и појасна слика за квалитетите на противниците. Јас секогаш сум оптимист. Играме на наш терен и мора да се надеваме на победа на првиот меч со Косово“, вели Санев.

Во финалниот избор на Санев се најдоа следните одбојкари:

Јован Лука Глигоров (среден блокер)

Дамјан Јовановски (либеро)

Алек Спасовски (примач)

Филип Новаков (техничар)

Јован Милев (примач)

Михаил Радевски (коректор)

Давид Николов (примач)

Дарко Жабев (либеро)

Лука Ристоски (техничар)

Владимир Диневски (среден блокер)

Тоше Ефремов (примач)

Семих Кадриев (примач)

Дамјан Миневски (среден блокер)

Филип Петрушевски (примач)

ПретходноЗавршницата на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ оваа година во Битола
СледноАнтонио Илиески од Фљамуртари во дресот на Воска Спорт