Џерона добил отказ пред Србија да замине на ЕП!

2614

Ракометната репрезентација на Србија ќе има смена на селекторското место. Тони Џерон е минато, на негово место ќе дојде Данел Анѓелковиќ, кој е тренер на француски Тулуз.

Она што е доста скандалозно, а за што пишуваат медиумите во Србија е дека Џерон добил отказ пред да замине со репрезентацијата во Германија. Од тамошната федерација му соопштиле дека неговиот договор нема да биде продолжен.

„Ракометарите беа шокирани, бидејќи такво нешто не се прави пред да се оди на големо натпреварување како што е Европското првенство. И на која Србија сака да помине од групата, за да се обиде да се пласира на Олимписките игри во Париз“, се вели во текстот на „курир.рс“.

Србија не успеа да се најде во следната фаза по поразите од Унгарија и Црна Гора. На конечниот пласман за репрезентациите кои веќе го завршија својот настап се најде на 19. место.

ПретходноПријателска: Тиквеш го декласира Вардар Неготино! (ФОТО)
СледноЈуниорките претрпеа пораз и во дуелот со Србија