Џордан Хендерсон е нов играч на Ајакс

102

По заминувањето од Ал Итихад, англискиот интернационалец Џордан Хендерсон го засили холандскиот Ајакс. Играчот од средниот ред кој има 81 настап за Англија, потпиша со тимот од Амстердам договор до 30 јуни 2026 година.
Хендерсон го доби дресот со број 6. Тој е дете на Сандерленд, а во 2011 година направи трансфер во Ливерпул и таму остана до 2023 година. За „Црвените“ од „Енфилд“ одигра преку 450 мечеви во сите натпреварувања, а ја освои Премиер лигата во 2019/20, ФА Купот во 2021/22 и ЛШ во 2018/19 како и Светското клупско во 2019 и УЕФА Суперкупот истата година.

ПретходноТретолигашот поведе, но Барса направи пресврт и отиде во 1/4 финалето на Копа дел Реј
СледноБарселона поразена во Истанбул, Звезда изгуби дома од Басконија