Ракометната репрезентација на Германија ги врати шансите за пласман во полуфиналето на ЕП по триумфот над Исланд со 26:24 во Келн во првиот настап во втората фаза. И овој меч, како и претходните два денеска беше неизвесен до финишот.
Германците дојдоа до победата во последните секунди благодарение на двата одбранети пенали на голманот Андреас Волф. И покрај тоа Исланѓаните можеа да извлечат реми бидејќи во последната минута влегоа со гол негатива, но Германците во последната секунда реализираа за +2.
Кај Германците, Кнор постигна шест гола, кај Исланд најефикасен беше Смарасон исто така со шест голови. Волф имаше 12 одбрани.