ОФИЦИЈАЛНО: Воска се засили со Абдулхади Јахја

994

Уште еден шампион и се приклучи на Воска Спорт во зимскиот преоден рок. Абдулхади Јахја доаѓа од редовите на Струга Трим Лум и се работи за фудбалер кој има преку 100 настапи во Првата македонска лига исто така има и осум натпревари во европските купови.
Тој играше за младинскиот тим на Вардар, потоа во ФК Шкупи, а пет години го носеше дресот на Струга. Игра на позиција лево или десно крило.

Тимот од Охрид претходно ги потврди Илиески, Захов и Ардит Иљази.

ПретходноАрсенал се обидува да го добие Бензема на позајмица
СледноСкандал во нигерискиот тим – поради повреда Садик го напушти Африканскиот куп, но играше за клубот