Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се обиде да остане позитивен и покрај поразот од Атлетико Мадрид со 4-2 и елиминацијата на неговиот тим од Купот на Кралот. Тој не е убеден дека неговиот тим заслужи да испадне, но го препушти тоа на младоста и неискуството на неговите играчи.
„Одигравме добро, се боревме, двапати успеавме да се вратиме во игра… Имавме и поништен гол. Загубивме кога го контролиравме натпреварот поради загубена топка. Не сум сигурен дали заслуживме да отпаднеме. Атлетико исто така се бори за секоја топка. Дадовме се од себе и немам за што да се жалам. Беше дерби, а на дерби секогаш има голема битка. Винисиус овој пат имаше повеќе потешкотии, но настапи на ниво. Не сакам да правам индивидуални проценки. Можевме подобро да направиме кога резултатот беше изедначен. Ја контролиравме играта и немаше потреба да се брзаме, но тоа се грешки на младоста. Кога го контролираш натпреварот, не треба премногу да брзате“, смета Анчелоти.
Искусниот стратег на Реал потенцира дека противникот имал повеќе време да се подготви за оваа средба.
„Заостанавме физички, но сепак се боревме 120 минути. Атлетико имаше повеќе време да се подготви за натпреварот и тоа беше нивната предност. Во последните недели се обидовме да ја подобриме физичката форма. Го загубивме натпреварот поради една загубена топка и одлична претстава на Гризман“, додаде Италијанецот.