Норвешка додаде гас во второто полувреме и ја совлада Холандија

87

Холандија и Норвешка го одиграа првиот меѓусебен дуел на европските првенства (досега имаат 10 меѓусебни дуели на СП и квалификациите) и победник е Норвешка со 35:32 која одигра фантастично во второто полувреме во која ја наметна својата брза игра.
Холанѓаните беа подобри во првото полувреме со 18:16 во мечот кој се одигра во Хамбург, а во вториот дел Норвежаните направија пресврт, а веројатно клучен момент беше кога при нивно водство од 23:22 направија серија од три гола за 26:22 и потоа лесно ја одржуваа предноста. Три минути подоцна разликата изнесуваше +5 гола, па Холанѓаните со три гола по ред спуштија на +2 но до крајот не можеа да стигнат.
Во победничкиот тим Бјорнсен, Блонц, Гулеруд и Сагосен постигнаа по шест голови, кај Холандија најефикасен беше Тен Велде со осум голови.
Норвежаните сега имаат два бода, а Холандија е последна без бодови.

ПретходноМбапе експлодира: Ги заслужувам парите што ги заработувам, дури и да се 100 милиони годишно
СледноСенегал го совлада Камерун и се пласира во осминафиналето на КАН