Готово е. Еуфорија во Сплит, имено Иван Перишиќ е нов член на Хајдук, соиграч на Александар Трајковски. Секако дека со него “билите“ и тоа како можат до титулата во ХНЛ.
Репрезентативниот напаѓач на Хрватска во Хајдук доаѓа на позајмица и тоа од Тотенхем, клуб кој не смета на него во пролетниот дел. Токму затоа Хајдук ја виде својата шанса и успеа да добие екстра засилување кое во есенскиот дел не играше за тимот од Лондон поради повреда.
Инаку со оглед на тоа дека Перишиќ уште е под договор со Тотенхем, тој ќе игра за Хајдук но ќе зема плата од клубот од Лондон и тоа, како што се шпекулира околу 200.000 евра неделно.