Французинот Сиприен Саразен триумфираше на првата спуст трка во Кицбил во рамките на Светскиот куп во алпско скијање. Маглата го измести стартот, па се задоцнување скијачите излегоа на патеката.
29-годишниот Саразен беше најбрз на легендарната писта „Штрајф“ и заврши со време 1:55.75 минута. За него ова е трета победа сезонава и општо четврта во кариерата, а исто така прва за Франција во Кицбил после 27 години.
Италијанецот Флоријан Шидер заврши втор со само пет стотинки послабо време, а носителот на Големиот кристален глобус и актуелен шампион во оваа дисциплина Марко Одермат заврши трет со 34 стотинки послабо време од победникот. За него ова е 12-ти подиум во 13 трки од почетокот на сезоната.
А Светскиот шампион од 2021 година и шампион во Кицбил минатата година Винсент Крихмаер се пласира на седмото место.
Утре на „Штрајф“ е вториот спуст, а во недела е слаломот.
Во генералниот пласман Одермат води со 1076 бодови, следен е Саразен со 560 бодови. Трет е Марко Шварц од Австрија со 464 бодови, но тој ја заврши сезоната поради повреда.
Après Jean-Claude Killy et Luc Alphand, Cyprien Sarrazin a su dompter la Streif 🏆pic.twitter.com/LHd80TsfPR
— Equipe France (@EquipeFRA) January 19, 2024