Пресметката меѓу Хрватска и Франција беше вистинско ракометното уживање. Публиката беше на нозе речиси цел натпревар, а во 50. минута се случи инцидент.
Еден од хрватските навивачи фрли пластична чаша кон клупата на Франција, а Французите се свртеа и бурно протестираа. Французите навистина славеа на крајот, но не го заборавија тој детал.
Николас Турна изјави дека имало и расистички навреди и дека тоа е дополнителен мотив за него и неговите соиграчи.
“Имаше расистички навреди. Тоа нè налути, а јасно е дека има такви луѓе во салите, така е. Тоа сепак не разлути, но ни даде и дополнителна сила”, изјави Турна.
Француските новинари за тоа го прашаа и тренерот Гијом Жил, но тој беше „затворен“. Тој рече дека не го знае хрватскиот јазик и дека не може да тврди што зборувале навивачите на противничката репрезентација.
„Не можам да ја потврдам расистичката природа бидејќи не го разбирам хрватскиот јазик. Ја видов чашата и луѓето што ја фрлија, кажаа нешто на хрватски јазик. Тие работи не треба да имаат место во спортот. Ваквите потези ги преминуваат сите граници“, рече Жил.
Се очекува да реагираат и организаторите на Европското првенство во ракомет, кои сигурно нема да дозволат слични извици на следните натпревари. Во целиот свет казните за расизам се навистина строги и сосема оправдани.