Ѓоковиќ со моќна порака по повод големиот празник Богојавление- Водици

1075

Новак Ѓоковиќ го победи Томаш Ечевери од Аргентина со 3-0 (6-3, 6-3, 7-6/2 ) и се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен. По триумфот српскиот тенисер испрати порака по повод големиот празник Богојавление- Водици, тој на камерата напиша: Бог се јави.

Новак на паузите на мечот против Аргентинецот ги потсети сите колку е голем верник, бидејќи го носеше крстот околу вратот.

Следен противник на Ѓоковиќ во Мелбурн ќе биде подобриот од дуелот меѓу Манарино и Шелтон.

ПретходноСабит Билали, прво засилување за Работнички
СледноДоаѓа нова „бомба“ од Германија: Баерн подготви спектакуларно засилување за крајот на јануари!