Голем кикс на Германците на ЕП: Се посрамотивме пред целиот свет!

4715

Ракометната репрезентација на Германија со победа од 26:24 против Исланд влезе во вториот круг на Европското првенство.

Средбата ја одбележа големата организациска грешка пред почетокот на натпреварот. Имено, исландската химна е пуштена на сосема погрешен начин. Исландските играчи беа подготвени да пеат, но потоа беа непријатно изненадени од „слабиот и скршен звук што доаѓаше од звучниците“, како што ја опишаа ситуацијата германските медиуми.

Имено, отсвирена е песна која навистина е исландска химна, но во непрепознатлива и искривена форма, со пребрзи битови и целосно нејасна мелодија која не ја препознаа ниту некои исландски играчи.

Исланѓанецот Алфред Гисласон, денови пред мечот поради него се зборуваше за химните, а тој најави дека ќе ги пее и двете. Непријатната ситуација траеше околу 20 секунди се додека организаторот не сфати дека направи грешка.

Потоа следеше минута прекин. Германските медиуми жестоко го критикуваа овој момент, Билд напиша дека тие се „посрамотија пред целиот свет“.

ПретходноКиријос го праша Алкараз зошто игра со маичка без ракави
СледноЕП 2024: Скандинавска класика во Хамбург