Македонскиот прволигаш го објави трансферот на Петар Слишковиќ, кого го најави како голгетер со 147 голови во својата професионална кариера. Се работи за напаѓач, роден во Сараево, Босна и Херцеговина, а играл за младинските тимови на ФСВ Франкфурт и на Мајнц, потоа во 2010 година заиграл за вториот тим на Мајнц, потоа и за првиот. Бил во многу германски екипи, Ст.Паули, Динамо Дрезден, Штутгарт Кикерс, Халешер, Викторија Берлин, Ален, Дуизбург, Вехен, Туркгуџу Минхен, швајцарски Арау, а пред да дојде во Гостивар играл за Ченај Титанс од Индија.
Инаку тој има шест настапи за У21 тимот на Хрватска.