Тимур Дибиров е еден од оние поранешни ракометари на Вардар кои остави длабока трага во тимот. Во Скопје дојде во 2013 година и беше лидер во сите убави приказни на најтрофејниот македонски клуб. Во 2022 година одлучи да ги напушти „црвено-црните“ и да се премине во редовите во Загреб.
Дибиров во интервју за „Индекс.хр“ потврди дека како Скопје нема никаде. Иако станува збор за познато ракометно име сепак во хрватската престолнина никој не го препознава.
„Сè е поинаку овде. Скопје е специфичен град, има огромна љубов кон ракометот. Секое кафуле, секое училиште, секоја бензинска пумпа… Некој ќе ве препознае насекаде. Но, во повеќето главни градови, не само во Загреб, има многу луѓе и многу различни интереси. Не сите следат спорт, не сите следат ракомет.
Во Загреб пред неколку години луѓето го изгубија интересот за ракометот. Затоа најважната работа што ја работиме во моментов, покрај самите резултати, е и враќањето на луѓето на трибините. Повторно владее спортска еуфорија, салата се полни. Но ракометот е број 1 во Скопје и сите живеат за Вардар и доаѓањето на натпревари“, рече Дибиров, целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.