Групата 2 е на дневен ред на Европското првенство. Во Хамбург ќе се одиграат три меча, а три селекции ќе ја бараат првата победа во главната рунда. Станува збор за Словенија, Холандија и Норвешка. За разлика од нив Пртугалија, Данска и Шведска одат по втор триумф, со тоа што последните две репрезентации ќе ги вкрстат копјата во скандинавското дерби.
Овие две земји претходно имаат одиграно 29 пријателски натпревари, вклучувајќи го СП 2021 кое им припадна на Данците. Шведска има предност, 16 победи, наспротив 12-те на Данска, и еден меч завршил без победник. Што се однесува до ЕП, Шведска победи на четири меча, додека Данска на три, плус реми.
И двете репрезентации немаат пораз на ЕП, што пак ветува максимална битка на теренот. Победникот ќе се најде на чекор до следната рунда и ќе се издвои на табелата, бидејќи и Данска и Шведска имаат по четири бода.
Во Хамбург денот ќе започне со дуелот меѓу Словенија и Португалија (15:30 часот), следи мечот меѓу Норвешка и Холандија, на крај е скандинавската пресметка меѓу Данска и Шведка (20:30 часот).