Во меч од групата -2 во главната рунда, попладнево во Хамбург, селекцијата на Португалија успеа со 33:30 да слави над Словенија. Важна победа на Португалците со која тие ги задржаа шансите за пласман во полуфиналето, сепак таму се Данска и Шведска.
Интересен меч, добра партија на Португалците а Словенија во првиот дел во одредени моменти имаше и водство. Сепак на пауза се замина со 18:17, со еден гола разлика за Португалците.
Во продолжение од средбата ракометарите на Португалија беа подобри, во финипот влегоа со резултат 32:28 и тука веќе се знаеше кој ќе слави на оваа средба,. Бадијала напорите на Словенците да направат пресврт.
Најефикасен кај победничката селекција беше Коста со 11 голови, додека кај Словенците се истакна Мачковшек со 7 погодици.