Убав гест на Филип Бошковски и Томче Гроздановски, фудбалери на Работнички. Имено и двајцата денеска напладне се фрлаа по крстот во водите на Охридското езеро, манфестација која и тоа како го привлекува вниманието по повод празникот Водици.
Инаку клубот од Дебар Маало деновиве се наоѓа на подготовки во нашиот најпознат туристички центар, а Бошковски и Гроздановски добија слободно утро од шефот Гоце Седлоски со цел да бидат дел од манифестацијата.