Данска и Шведска ги исполнија сите очекувања, ова беше дуел меѓу двете непоразени селекции на Европското првенство. Скандинавското дерби понуди вистинска ракометна претстава. Во самиот финиш имаше драма, на Јакобсен му беше поништен голот за сигурен триумф, но Шведска не го искористи џокерот за реми. Сепак мечот заврши во корист на Данска славеше со 28-27.
Гидсел со 10 гола беше лидер кај победникот, на крајот беше прогласен за МВП, зад него беше Хансен со пет погодоци. На другата Ване запиша девет погодоци.
Водството постојано се менуваше, вака беше до 20. минута кога Данците со серија од 4-0 поведоа со 16-12. Во овој налет, Хансен не реализираше еден удар од седум метри. На другата страна Ване и Клар го вратија својот тим во игра, на одморот резултатот беше 17-15.
Данска на стартот на вториот дел уште еднаш поведе со плус четири (19-15). Шведска најде начин да дојде на еден гол разлика. По 20-16 со три гола во низа дојде на 20-19 и ја врати неизвесноста.
Линдберг од седум метри зголеми на 24-22, а по нереализираниот напад на Шведска, Питлик зголеми на 25-22 во 48. минута. Гидсел во 52. минута украде важна топка за нови плус три (26-23), но Киркелоке доби искучување. Тоа не промени ништо, Данска го имаше Гидсел, и Линдберг кој реализираше од седум метри за 28-24.
Актуелниот европски првак на две и пол минути дојде на минус еден (28-27), период во кој противникот остана со играч помалку на теренот. Нилсен со осмата интервенција не дозволи изедначување.
Во самиот финиш при 28-27 беше вистинска драма, Јакобсен погоди за (29-27), а Паличка протестираше, па се прегледуваше снимката, по која судиите го поништија голот. Останаа 17 секунди до крајот, но Бергендал направи престап за голема радост во редовите на Данска.