Каков пад на Давид Тошевски: Во 2020 со милионски трансфер во Ростов, а сега е на проба во хрватски второлигаш!

9397

Соништата понекогаш се остваруваат, посебно кога станува збор за младите и талентирани момци. Сепак некогаш вистината така те “треснува“ од земја што е голем проблем за тебе.

Ретки се тие кога на свои 19 години ќе те посака да направиш трансфер од Македонија, од Работнички, и тоа за неверојатни милион евра, се разбира и плус личните услови, а потоа по 3,5 години да си на проба во еден хрватски второлигаш, во Шибеник. Така утринава “Слободна Далмација“ во еден текст и тоа во последната реченица, информира дека Давид Тошевски, млад напаѓач од Македонија е на проба во овој клуб. И кажува дека пред извесно време тој го раскинал договорот со руски Ростов.

Да, тој е тој Давид Тошевски, кој во сезоната 2019/20 со фантастични игри и голови за Работнички просто ја потресе фудбалска Македонија. До него имаше понуди и од еден Лил, од клубови од Белгија, но сепак одлуката беше да се прифати понудата на Ростов вредна еден милион евра.Тогаш парите беа во преден план.

И замина таму како голема ѕвезда.

Каква грешка, невидена грешка беше тој трансфер. Па така еден од нашите најдобри млади напаѓачи, во Русија, во тој Ростов просто пропадна фудбалски. Откако не доби адекватна минутажа беше праќан на позајмици овде и онде, а сега тој Тошевски како слободен играч си бара ангажман и сега е на проба, замислете во еден второлигаш од Хрватска.

Запрепастувачки е тоа што за овие години, а и оваа зима, никој ама баш никој не се заинтересира од нашите клубови во ПМФЛ да го врати некпогашниот младински репрезентатовец.

Сега Тошевски има 22 години, и сега ќе мора преку Шибеник, ако мине на пробата, да се враќа таму каде што му е местото.

ПретходноРК Алкалоид се ослободи од голманот Ромеро!
СледноПеришиќ ќе игра за Хајдук, ама ќе зема плата од Тотенхем!