Манчестер Сити и Роналдо ги собраа наградите „Globe Soccer Awards“

1296

Англискиот Манчестер Сити е прогласен за најдобар клуб за 2023 година на „Globe Soccer Awards“ на церемонија во Дубаи. Во претходната сезона, Сити ја освои ЛШ, стана шампион на Англија, го освои ФА Купот, а триумфираше и во УЕФА Суперкупот па во декември стана и светски клупски шампион.
Напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд е најдобар фудбалер на светот, а Кристијано Роналдо, најдобар фудбалер на Блискиот исток според гласовите на фановите. Најдобар тренер е Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, а тренер со најдобра кариера Лионел Скалони, селекторот на Аргентина.
Најдобар играч од средниот ред е Родри, исто така од Манчестер Сити. Најдобар голман Едерсон, исто така од Манчестер Сити.

Роналдо седми пат е добитник на наградата затоа што претходно во 2011, 2014, 2016, 2017, 2018 и 2019 година ја добиваше како најдобар играч на светот.

ПретходноЈуниорите почнаа со убедлива победа над Косово во зонските квалификации
СледноМиовски повторно „тресе“ во Шкотска (ВИДЕО)