Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ се со победата на Ечевер успеа да се пласира во следната рунда на АО во Мелбурн, поточно во 1/8 финалето на првиот гренслем оваа година.
На пресот после мечот Србинот одговараше на повеќе прашања од страна на новинарите, а имаше што да каже и за односот на некои помлади тенисери, но и за неговиот однос кон Федерер на почетокот на својата кариера.
“Знам сигурно дека на Федерер не му се допаѓаше моето однесување на почетокот на кариерата. Не знам за другите, ама него го нервирав со тој мој однос на теренот. Верувам дека не му бев омилен лик поради тоа што јас не криев дека сакам да бидам најдобриот и тоа секогаш го потенцирав. Од друга страна без разлика на се јас секогаш ги почитувам моите ривали. Почитување мора да има, без разлика што се случува за време на мечот“ рече покрај другото Новак Ѓоковиќ.