Пелистер го претстави Манасков: Неговото презиме предизвикува емоција кај нашите навивачи!

458

Дејан Манасков и официјално е нов член на Пелистер. Искусниот ракометар по пауза од една полусезона се враќа на терените. Последен тим на Манасков беше Вардар 1961, најголемиот ривал на актуелниот првак.

Битолскиот тим најави дека Манасков утре ќе го одработи и првиот тренинг.

„Неговото презиме предизвикува емоција кај армијата наши навивачи. Манасков пак ќе постигнува голови во дресот на Пелистер! Задоволство ни е што по децении и децении уште еден Манасков е наш член“, се вели во дел од соопштението на Пелистер.

ПретходноДејан Манасков се враќа на терените и тоа во дресот на најголемиот вардаров ривал
СледноПријателски: Васоски тргна со пораз, Силекс загуби од Брегалница, Гостивар поразен во Анталија!