Алехандро Карерас Ромеро, голман од Куба, не е веќе дел од РК Алкалоид. Тој пристигна во клубот како едно од првите две странси засилувања, но за разлика од Бинго, Ромеро не остави којзнае каков впечаток, Кубанецот тешко се прилагодуваше во Скопје. Имаше и операција на слепо црево, па не го даде својот придонес за подигнување на квалитетот на тимот на РК Алкалоид. Тоа го искористи младиот Иван Галевски кој покажа дека може да се смета на него. Ромеро својата кариера ќе ја продолжи во Франција.