Работнички го доведе првото засилување во зимскиот преоден рок. Станува збор за Сабит Билали кој ќе ја засили централната дефанзива. Тој потпиша двегодишен договор со клубот.
26-годишниот фудбалер доаѓа од албанскиот тим Партизани, а во Македонија има настапувано за Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Гостивар.