Саразен со триумф на првиот спуст во Кицбил

92

Французинот Сиприен Саразен триумфираше на првата спуст трка во Кицбил во рамките на Светскиот куп во алпско скијање. Маглата го измести стартот, па се задоцнување скијачите излегоа на патеката.
29-годишниот Саразен беше најбрз на легендарната писта „Штрајф“ и заврши со време 1:55.75 минута. За него ова е трета победа сезонава и општо четврта во кариерата, а исто така прва за Франција во Кицбил после 27 години.
Италијанецот Флоријан Шидер заврши втор со само пет стотинки послабо време, а носителот на Големиот кристален глобус и актуелен шампион во оваа дисциплина Марко Одермат заврши трет со 34 стотинки послабо време од победникот. За него ова е 12-ти подиум во 13 трки од почетокот на сезоната.
А Светскиот шампион од 2021 година и шампион во Кицбил минатата година Винсент Крихмаер се пласира на седмото место.
Утре на „Штрајф“ е вториот спуст, а во недела е слаломот.

Во генералниот пласман Одермат води со 1076 бодови, следен е Саразен со 560 бодови. Трет е Марко Шварц од Австрија со 464 бодови, но тој ја заврши сезоната поради повреда.

ПретходноЕвролига: Реал катастрофално поразен во Монако
СледноДенвер му го нанесе првиот пораз на Бостон во „ТД Гарден“, Јокиќ и Мареј постигнаа 69 поени