По Зеленортските острови уште една репрезентација избори пласман во осминафиналето на Купот на африканските нации. Тоа е селекцијата на Сенегал која во дербито го победи Камерун со 3:1 и на табелата има шест бодови.
Сенегалците поведоа во 16. минута со прекрасен гол на Исмаил Сар. Во 71 минута зголеми Хабиб Диало. Камерунците намалија во 83 минута преку голот на Кастељето, а во 94 минута имаа прекрасна шанса за гол кога по шутот со глава на Н’Куду топката заврши покрај голот. Во наредната акција Садио Мане го постави конечниот резултат 3:1.
Камерунците имаат еден бод, исто колку и Гвинеја, а Гамбија е без бодови. Токму Гамбија и Гвинеја вечерва ќе играат меѓу себе.
Во последното коло Камерун ќе игра со Гамбија, а Сенегал со Гвинеја.
Ismaïla Sarr opens scoring
🇸🇳 Senegal 1-0 Cameroon 🇨🇲pic.twitter.com/YJ7jHRbEfO
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 19, 2024
Habib Diallo scored!
🇸🇳 Senegal 2-0 Cameroon 🇨🇲pic.twitter.com/fBLMBETrpx
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 19, 2024
Goal: Jean-Charles Castelletto | 🇸🇳 Senegal 2-1 Cameroon 🇨🇲 | 🅰️ Olivier Ntchampic.twitter.com/FpjEuPPBgS
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 19, 2024
Goal: Sadio Mané | 🇸🇳 Senegal 3-1 Cameroon 🇨🇲pic.twitter.com/Oc2S4jFCaI
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 19, 2024