Снежната бура го одложи првиот меч во Бундес-лигата!

336

Натпреварот меѓу Мајнц и Унион Берлин во рамките на Бундес-лигата е одложен. Причината е веќе добро позната, снежната бура која ја зафати Германија направи големи проблеми, собраќајот се одвива во тешки услови. Дел од патиштата се замрзнати.

На „Мева Арената“ има многу снег, кој би можел брзо да се среди, но како што пишуваат тамошните медиуми има многу мраз во дел од стадионот, поготово на трибините кај навивачите, па безбедноста не е загарантирана.

Новиот термин на одигрување ќе биде познат наскоро.

ПретходноНова трагична вест: Светски шампион почина на 29 години
СледноЕдвардс со потег за кој долго време ќе се зборува (ВИДЕО)