По елиминацијата во Купот на Кралот од Атлетико Мадрид, синоќа во супер интересен меч, клупската ТВ на Реал Мадрид имаше што да каже. Како што вообичаено од тука произлегоа многу пораки, а посебно кон судиите кои го судеа овој меч. Заклучокот беше дека Реал Мадрид е драстично оштетен, а еден од новинарите побара веднаш да стартува Суперлигата зошто ова било неподносливо што му се прави на Реал.
“Судењето бше срамно. Страшно. Се е можно во Шпанија. Секогаш се игра против Реал Мадрид. Треба под итно да стартува Суперлигата“ покрај другото се кажа и ова од страна на ТВ Реал Мадрид.