Одличен старт на машката јуниорска одбојкарска репрезентација на Македонија. Вечерва во Струмица во меч од 2. коло од групата „А“ на зонските квалификации за ЕП, нашите млади одбојкари остварија убедлив триумф против селекцијата на Косово од 3:0 (25-19, 25-18, 25-19).
Со оваа победа, избраниците на селекторот Санев утре против Грција ќе се борат за првото место во групата, откако Грците вчера со истиот резултат во салата „парк“ во Струмица ја совладаа селекцијата на Косово. На денешниот дуел во нашиот тим одлично издание имаа Филип Петрушевски (11) и Тоше Ефремов (10), кои заедно реализираа 21 поен и беа лидери во нашиот тим. Одлично издание имаа и Глигоров кој средбата ја заврши со 9 поени, како и Милев со 7 реализирани поени.
Утрешниот дуел со Грција кој решава за првото место во групата ќе се одигра од 19:30 часот во струмичката сала „Парк“.