За Вардар денеска дојдоа загрижувачки вести. Еден од најдобрите ракометари, Јапонецот Косуке Јасухира не се најде во составот на својата репрезентација за дуелот против Обединетите Арапски Емирати, предводен од поранешниот македонски селекторт, Данило Брестовац.
Јапонија победи на оваа средба со 29-26 во рамките на Азиските игри, без вардаровиот бек.
Јасихура се поведи на вчерашниот дуел против Иран, кога еден од противничките играчи имаше остар старт врз него. Останува да видиме што ќе покажат деталните прегледи и колку е сериозна неговата повреда.