Интер се пласира во финалето на Суперкупот по вечерашната победа над Лацио со 3:0 во меч кој се одигра во Саудиска Арабија. „Нероаѕурите“ ги надиграа римјаните и закажаа финале со Наполи кој ден претходно избори пласман во финалето по триумфот над Фиорентина.
Маркус Турам го отвори резултатот во 17.минута, а Хакан Чалханоглу од пенал го удвои водството на почетокот на второто полувреме. Резервниот играч Давиде Фратези го постигна третиот гол три минути пред крајот на мечот. Николо Барела и Лаутаро Мартинез ја погодуваа стативата, а тимот од Милано пропушти уште неколку добри шанси за поубедлива победа.