Попладнево на средбата Зеленортски Острови – Мозамбик, во рамките на АКН, беше постигнат гол кој секако дека ќе конкурира за еден од најубавите во оваа 2024 година.
Играчот за врска на селекцијата на З. Острови, Бебе, инаку соиграч на Столе Димитриевски, со шут од слободен удар од околу 40 метри и повеќе успеа да постигне фантастичен гол. Вистински проектил, вистинска бомба, гол кој што ретко се гледа на фудбалските терени.
Тоа беше гол за 1:0, а до крајот оваа селекција постигна уште два гола за конечни 3:0.
Да кажеме деке Бебе е некогашен член на Манчестер Јунајтед.
Bebe’s goal was actually nuts 😭 pic.twitter.com/O938urVcXv
— 天蝎座 (@UtdEIIis) January 19, 2024