Ова се двојките за 1/4 финалето во Купот на Кралот: Барселона гостува во Билбао!

1539

Денеска беа извлечени двојките во 1/4 финалето во Купот на Кралот. Познато е дека во оваа фаза го нема Реал Мадрид зошто синоќа загуби од Атлетико Мадрид во 1/8 финалето, додека Барса доби исклучително тежок ривал. Каталонската гордост ќе треба да игра на гости кај Билбао, а познато е дека се игра само еден меч.

Атлетико Мадрид се среќава со Севиља дома, додека Џирона и гостува на Мајорка и Селта Виго игра дома со Сосиедад.

Натпреварите треба да се одиграат меѓу 23 и 25 јануари.

ПретходноПријателски: Васоски тргна со пораз, Силекс загуби од Брегалница, Гостивар поразен во Анталија!
СледноИ фудбалерите на Работнички, Бошковски и Гроздановски, се фрлаа по крстот во Охрид! (ФОТО)