Александар Васоски тргна со пораз на клупата на Силекс. Попладнево во Штип, во пријателски натпревар домашната екипата на Брегалница со 1:0 успеа да слави над кратовци и тоа со голот на Соломон уште во првото полувреме.
И Васоски и тренерот на “сините“ Горан Здравков им дадоа шанса на повеќе свои фудбалери со цел да имаат увид во нивната моментална форма.
Во првиот контролен меч во Анталија, тимот на Гостивар денеска беше поразен од тимот на Ујпешт од Унгарија со 1:2. Противникот поведе со голот на Моршел во 8.минута, гостиварци израмниле со автогол на еден противнички фудбалер, а Ујпешт дојде до победа со голот на Симон во 80.минута.
Да кажеме дека експедицијата на Гостивар во Анталија е од завчера.