Ги скина лигаментите во коленото: Влхова ја заврши сезоната во Светскиот куп

181

За една од најдобрите скијачки, Петра Влхова, заврши актуелната скијачка сезона.

Влхова доживеа тежок пад пред околу 15.000 локални навивачи во словачкаиот зимски центар Јасна, а по првите анализи беше констатирано дека станува збор за скинати лигаменти на коленото.

Со оглед на тоа дека се работи за тешка повреда, сезоната за Влхова е завршена. Информацијата ја потврди нејзиниот тренер Мауро Пини.

Влхова сезонава забележа три победи во слалом, а моментално е втора во генералниот пласман на Светскиот куп зад Микаела Шифрин.

ПретходноПризнание кое ретко го слушаме од Кристијано Роналдо (ВИДЕО)
СледноЈусуфи последно засилување за Воска Спорт