Има 75 години и планирал да продолжи да работи, но здравјето не му го дозволувало тоа. Шведскиот стручњак Свен Горан Ериксон во тажна исповед изјави дека не му останува уште многу време.
„Можеби имам уште една година да живеам, во најлош случај уште помалку. Не можам да знам со сигурност. Подобро е воопшто да не размислувам за тоа. Можете да го тренирате мозокот. Мора да ги видите позитивните страни“, изјави Ериксон за медиумите во Шведска.
Тој откри и дека отсекогаш сакал да биде тренер на Ливерпул. Јирген Клоп се потруди да го оствари тоа.
Навивачите на Ливерпул побараа од челниците на клубот да му дозволат на шведскиот стручњак да го води Ливерпул против легендите Ајакс во хуманитарен натпревар во вторник на 23 јануари.
Јирген Клоп го прифати. Покрај тоа, тој даде изјава и направи гест кој насолзи на многумина.
„Неодамна дознав дека цел живот е голем навивач на Ливерпул, а слушнав и за идејата да ги води легендите на Ливерпул. Не можам да влијаам на тоа“, изјави Клоп и додаде:
„Сè што можам да кажам е дека тој е апсолутно добредојден овде и ќе ја преземе мојата работа на еден ден ако сака. Нема проблем. Нека седи во канцеларијата на моето биро, ќе му покажеме како се развил клубот со годините. Само нека дојде овде, ќе поминат неколку убави часови. Сигурен сум во тоа“.