Арсенал со „петарда“ во мрежата на Кристал Палас

109

Арсенал дојде до убедлива победа во рамките на 21 коло во Премиер-лигата, на домашен терен го совлада Кристал Палас со 5-0. Со овој триумф „топџиите“ се вратија на третото место, 43 бода исто колку и Мачестер Сити, но и меч повеќе.

Доминантен настап на избраниците на Микел Артета кои во првото полувреме го решија победникот.

Дуелот го отвори Габриел во 11 минута (1-0), по што следеше автогол на Хендерсон за 2-0 за домаќинот. Ова беше резултат на полувремето.

Во вториот дел, Тросард зголеми на 3-0, стрелец на последните два гола за Арсенал беше Мартинели.

ПретходноКлоп ќе ја исполни најголемата желба на Свен Горан Ериксон чии денови се броени
СледноМрежата не мируваше, пораз за Столе и Рајо!