„Баделки“ славеа во големото дерби со шампионот Баскет Кам

98

Кошаркарките на Бадел 1862 со неколкуте нови имиња во вториот дел од сезоната успеаја да извојуваат вредна победа во првото коло во новата 2024 година. „Баделки“ обезбедија неочекувано убедлива победа против бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011 со 94:72 во еден од најинтересните денешни дуели од актуелното коло.

Иако имаа водство од (26:18) на истекот на десетте минути, решавачки за конечниот исход беа случувањата на паркетот во втората четвртина. Десет минути во кои Бадел 1862, предводен од двоецот Томпсон-Техеда, стигна до недостижни (54:31) на полувремето.

На крајот, овие две кошаркарки искомбинираа 64. поени, кои со десет ги дополни Митрева, додека третото странско засилување Баркли заврши со девет реализации, но и 15. скока.

Кај екипата од Македонска Каменица која го впиша вториот пораз, и го загуби лидерското место, двоен ефект имаше Димова (25.поени и 10.скока), Адамовска имаше 17. реализации а Тасевска уште 13.

Кошаркарките на Вардар го искористија овој неуспех на Баскет Кам 2011, па сега се осамени на првата позиција на табелата. На свој терен, беа убедливи против кавадаречки Пробаскет (91:58).

Имаа одличен почеток. Во првите пет минути направија серија (12:1), за на истекот на четвртината имааш слични (25:12). По релативно израмнетата втора четвртина, на полувремето „вардарки“ водеа со (46:31). А дефинитивната потврда за новата победа ја реализираа во третиот дел од играта во кој „побегнаа“ на недостижни (73:41).

Деловска реализираше 20.поени, Димитријевиќ 17, Матие имаше 16, а Џангаровска уште десет поени во победничката екипа. Во онаа поразената, капитенот Стоева постигна 16.поени.

Победа на домашен терен реализира екипата на МЗТ Скопје која беше подобра од Струга 2009 со сигури (52:40). Уште поубедлива е победата на Крива Паланка во дуелот против Куманово-Гризли (88:63).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009 52:40

Вардар – Пробаскет        91:58

Крива Паланка – Куманово-Гризли   88:63

Бадел 1862 – Баскет кам 2011 94:72

ТАБЕЛА: Вардар 21, Баскет кам 2011 20, МЗТ Скопје Аеродром 19, Крива Паланка 16, Куманово-Гризли 16, Пробаскет 15, Бадел 1862 14, Струга 2009 11;

ПретходноЧешмеџиев потпиша кај Ѓоко во Хаџер
СледноСпировски со гол-првенец му донесе бод на Етникос (ВИДЕО)