Денвер му го нанесе првиот пораз на Бостон во „ТД Гарден“, Јокиќ и Мареј постигнаа 69 поени

1967

Јокиќ и Денвер го совладаа најдобриот тим во НБА лигата, Бостон Селтикс со 102:100. Денвер на свој терен имаше ефект од 20-0, а Денвер е првиот кој ги совладал сезонава во „ТД Гарден“.
Драма во финишот на мечот бидејќи Ерон Гордон беше половичен од линијата за слободни, Селтикси во последите 17 секунди два пати побараа тајм-аут, Тејтум имаше шут за продолженија но промаши, а Мареј ја фати топката и ја сочува победата.
Српскиот кошаркар во Денвер, Никола Јокиќ одигра фантастично затоа што забележа 34 поени, 12 скокови и 9 асистенции. Поефикасен од него беше само Џамал Мареј со 35 поени, 8 скокови и 5 асистенции. Значи заедно 69 поени!
Покра нив единствен двоцифрен беше Мајк Портер со 13 поени. На другата страна Дерик Вајт постигна 24 поени, Џејсон Тејтум 22…
Денвер во наредното коло му гостува на Вашингтон, а Бостон на Хјустон.

АТЛАНТА СЛАВЕШЕ НАД МАЈАМИ СО ПРЕСВРТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 СЕКУНДИ
Екипата на Атланта Хокс славеше со 109:108 над Мајами по пресврт во последните 30 секунди за кој најзаслужни беа прво Богдановиќ кој погоди две слободни фрлања, а потоа и „меч винер“ Дежонте Мареј кој погоди тројка на две секунди до крајот.
На тој начин Хокси ја забележаа третата победа по ред и сега се први над линијата за плеј-ин. Мареј постигна 22 поени, а Богдановиќ 17. А кај Мајами, Батлер и Хироу имаа по 25 поени, Адебајо 21…

РЕЗУЛТАТИ
ШАРЛОТ – САН АНТОНИО 124:120
ОРЛАНДО – ФИЛАДЕЛФИЈА 109:124
БОСТОН – ДЕНВЕР 100:102
МАЈАМИ – АТЛАНТА 108:109
ЊУ ОРЛЕАНС – ФЕНИКС 109:123
ПОРТЛАНД – ИНДИЈАНА 118:115
Л.А.ЛЕЈКЕРС – БРУКЛИН 112:130
ГОЛДЕН СТЕЈТ – ДАЛАС одложен

 

ПретходноСаразен со триумф на првиот спуст во Кицбил
СледноКецмановиќ со мајсторски пресврт до победа и закажа осминафинале со Алкараз