Предводени од новиот тренер Даниеле Де Роси, фудбалерите на Рома ја совладаа Верона со 2:1 во натпреварот од 21. коло во италијанската Серија А.
легендарниот Де Роси стартуваше со триумф на клупата на „волчицата“, откако пред само неколку дена го замени отпуштениот Жозе Мурињо.
Домашните поведоа во 19. минута со голот на Ромелу Лукаку на асистенција на Ел Шарави, а само четири минути подоцна, Ел Шарави повторно создаде гол-шанса која Лоренцо Пелегрини ја претвори во водство од 2:0.
Во вториот дел Верона пропушти шанса да дојде до голем бод, откако реализираа само една шанса. Најпрво гостите имаа пенал во 66. минута, но босанскиот напаѓач Милан Ѓуриќ ја испрати топката далеку над голот.
Многу попрецизен беше Мишел Фолоруншо, кој во 76. минута со еден прекрасен гол ги постави конечните 2:1.