Уште еден одличен натпревар се одигра во „Ланксес Арена“. Австрија останува да жали што не успеа да дојде до целиот плен против домаќинот на ЕП, Германија. Имаше водство од пет гола, но во последните десет минути беше без постигнат гол, на крајот оваа средба заврши 22-22. На крајот Австрија се радуваше на бодот, бидејќи има четири бода исто колку и Унгарија, и останува за место во полуфиналето.
Покрај голманот Местл кој имаше 17 одбрани, Билик беше прв стрелец со пет гола кај Австрија. Во редовите на Германија, Кнор имаше шест погодоци.
Nikola Bilyk strikes again with his 𝐬𝐢𝐠𝐧𝐚𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐦𝐨𝐯𝐞. 🕺#ehfeuro2024 #heretoplay @HandballAustria pic.twitter.com/diVSRp2O1t
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2024
Австрија успеа да го издржи притисокот во преполната сала. По воведните минути кои без изедначи успеа прво да се дојде до позитива од три гола (5-8), а потоа на двапати да поведе со плус четири (6-10 и 7-11) и покрај тоа што Волф беше на ниво на задачата.
На одморот, Австрија замина со водство од 11-12 и не застана во продолжение. Речиси на средината на второто полувреме, повторно имаше највисоки плус четири (15-19). Германија шест минути без гол. Хане конечно го прекина молкот во своите редови, но на другата страна противникот беше во вистински ритам. Волф спречи негативата да отиде на плус пет, на другата страна Местл фати седмерец, а Вагнер зголеми на 16-21.
🪪 Remember his name: 𝗖𝗼𝗻𝘀𝘁𝗮𝗻𝘁𝗶𝗻 𝗠𝗼̈𝘀𝘁𝗹 🔥#ehfeuro2024 #heretoplay @HandballAustria pic.twitter.com/hy5y1pODqg
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2024
Голманот на Австрија продолжи да царува на својата мрежа до 51. минута имаше 17 одбрани. Пајовиќ од непознати причини се одлучи за игра седум на шест, што пак не вроди плод, неговиот тим влезе во серија на грешки и го врати противникот во игра. Германија со серија од 4-0 изедначи на 22-22, Австрија цели десет минути беше без постигнат гол, не искористи напад за победа, на крајот дуелот заврши без победник.