Кецмановиќ со мајсторски пресврт до победа и закажа осминафинале со Алкараз

3610

Српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ имаше епска борба во третото коло на Австралија опен и се пласира во осминафиналето по победата над Американецот Томи Пол во меч со пет сета. Кецмановиќ триумфираше со 3:2, по сетови 6:4, 3:6, 2:6, 7:6, 6:0.
Во првиот сет Кецмановиќ немаше поголеми проблеми и славеше со 6:4, но следуваше кам-бек на Пол кој ги доби следните два со 3:6 и 2:6. Во четвртиот сет, Кецмановиќ спаси брејк шанса и го однесе мечот во тај-брејк. Иако Пол имаше две меч топки, српскиот тенисер ги спаси двете и направи два мини брејки изедначувајќи го резултатот на 2:2 во сетови.
Петиот сет беше доминација на Кецмановиќ кој брилјираше освојувајќи го со 6:0, а со тоа и мечот. Во осминафиналето Кецмановиќ ќе се соочи со Карлос Алкараз кој го доби дуелот со Шенг. Алкараз водеше со 2:0 (6:1 и 6:1), а кинескиот тенисер го предаде мечот.

Французинот Артур Казо исто така се пласира во осминафиналето. Светскиот тенисер број 108 беше подобар од Грикспур од Холандија со 3:0 во сетови. Тој има одлични настапи, претходно го елиминира осмиот светски тенисер Холгер Руне.

ПретходноДенвер му го нанесе првиот пораз на Бостон во „ТД Гарден“, Јокиќ и Мареј постигнаа 69 поени
СледноШутерско шоу на Букер, постигна дури 52 поени во победата на Феникс