„Лавиците“ од Ѓорче Петров заверија четвртфинале во Европскиот Куп

684

Македонскиот првак ЖРК Ѓорче Петров се пласираше во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. „Лавиците“ на реванш мечот беа совладани со 33-34, резултат кој не смени ништо за место во следната рунда, бидејќи дома го совладаа чешки Хазена Кинжварт со три гола разлика.

Во првото полувреме, избраничките на Симе Симовски беа многу подобар противник, со две мини серии на одморот заминаа со водство од четири гола (16-20).

Сепак сликата се промени. По 20-24 за ЖРК Ѓорче Петров, противникот направи серија од 6-0 и поведе со 26-24. Од овој момент следеше драма, македонскиот првак беше пред тежок испит, да ја сочува позитивата од Скопје. На крајот успеа во тоа и со минимален пораз завери четвртфинале.

Дамјаноска и Николовска имаа по шест гола, Ризова и Јанкулоска беа стрелеци на пет погодоци. „

ПретходноУнгарија го згасна полуфиналниот сон на Хрватска
СледноДе Роси дебитираше со победа на клупата на Рома