Новиот клуб на Елиф Елмас, РБ лајпциг загуби во дербито на 18. коло на германската Бундеслига на домашен терен од Баер Леверкузен, иако двапати водеше. Гостите со голема упорност покажаа како се освојуваат бодови, кои на крајот можат да бидат вредни и титула.
Избраниците на Чаби Алонсо победија со 3:2, а решавачкиот гол го постигна Инкапје во 91. минута.
Елмас мечот го почна на клупата и доби само десетина минути во самата завршница. Лајпциг беше подобар противник во првото полувреме, имаше повеќе од играта и водство од 1:0. Второто полувреме Баер Леверкузен израмни во 47. минута. Сепак, домашните многу брзо возвратија со голот на Опенда, кој ги врати во водство од 2:1.
Гостите тргнаа во напад и во 64. минута Та погоди со глава за 2:2. Упорните лидери на табелата, во завршницат апогодија и третпат за победа вредна можеби и титула.