Меси и Ди Марија планираат да се вратат во Париз, причината не е ПСЖ

2582

Лионел Меси и Анхел Ди Марија наводно изразиле желба да играат за репрезентацијата на Аргентина на Олимписките игри во Париз ова лето. Според аргентинските медиуми ова најверојатно ќе биде последниот турнир на кој двајцата ќе учествуваат со националниот тим.

Аргентинската федерација веќе се обидува да ги подготви сите логистички активности за да може да го реализира овој план. Секако, првиот услов е младата репрезентација на Аргентина до 23 години, предводена од Хавиер Маскерано, да успее да се пласира со победа на квалификацискиот турнир кој започнува денеска.

Меси и Ди Марија, на возраст од 36, односно 35 години, се олимписки шампиони со Аргентина од Игрите во Пекинг во 2008 година.

Ди Марија во ноември најави дека ќе се пензионира по турнирот во Копа Америка, кој ќе се одржи меѓу 20 јуни и 14 јули ова лето во САД. Сепак, изгледа дека крилниот напаѓач кој моментално настапува за Бенфика ова ќе го одложи за неколку месеци и ќе одигра уште еден турнир со репрезентацијата.

Интересно, доколку планот се оствари, двајцата поранешни играчи на ПСЖ ќе се вратат во француската престолнина.

ПретходноПознато е зошто во С.Арабија се бесни на Бензема
СледноФилип Кузмановски е новиот капитен на Пелистер