Мрежата не мируваше, пораз за Столе и Рајо!

162

Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано запишаа пораз во рамките на 21 коло во Ла Лига. Тимот на македонскиот репрезентативен голман на домашен терен беше совладан од Лас Палмас со 0-2.

Димитриевски беше на голот на Рајо од стартот. Првиот гол го прими во 35 минута, стрелец беше Молеиро, додека пак во второто полувреме домашнио состав остана со играч помалку, Гарсија доби црвен картон, па во 83-та минута Муноз зголеми на 2-0. Погоди под десната статива.

За Рајо ова беше седми пораз, има осум нерешени и пет победи за 12. место на табелата.

ПретходноАрсенал со „петарда“ во мрежата на Кристал Палас
СледноДимитријевиќ: Многу е полесно кога имаш татко кој е голем стручњак!