Наполи под истрага за лажно сметководство, му се заканува одземање на бодови

191

Извршниот директор на Наполи, Аурелио де Лаурентис е под истрага за лажно сметководство поради трансферот на Виктор Осимен. Трансферот на Нигериецот беше под скенер поради играчите кои Наполи ги испрати во Лил како дел од зделката. Обвинението беше дека Наполи ги надувал вредностите на играчите и на тој начин успеал да го ангажира Осимен.

La Repubblica сега наведува дека римскиот обвинител ја затворил истрагата за сагата за Осимен и сега се чека да се види дали ќе биде поднесено обвинение. Освен Де Лаурентис, под истрага се и други членови на управниот одбор на клубот.
Осимен пристигна во клубот во летото 2020 година и беше наведено дека клубот платил 71,2 милиони евра за напаѓачот. Четири играчи му беа понудени на Лил како дел од трансферот и според Наполи, тие играчи беа проценети на 21 милион евра. Тројцата младинци беа Луиџи Лигуори, Клаудио Манци и Чиро Палмиери. Голманот Орестис Карнезис исто така беше дел од зделката. Интересно, сите четворица фудбалери „исчезнаа“ од фудбалската мапа и покрај тоа што се работи за висока сума за нив.

А казната, доколку биде покренато обвинение и биде донесена пресуда, би била парична плус одземање бодови во тековната сезона и забрана за вршење фудбалска дејност на првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

ПретходноГо испратија во Галатасарај за да биде во форма, а тој се претвори во „буцко“
СледноПрва лига мажи: Пелистер во нов обид да го освои СЦ „Јане Сандански“