Познато е зошто во С.Арабија се бесни на Бензема

2900

Една од ѕвездите кои летово заминаа во Саудиска Арабија е Карим Бензема. Сепак, се чини дека кај него работите не се во најдобар ред.

Бензема го напушти Реал Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во Ал Итихад.

Сепак, се чини дека таму не цветаат рози за него. Како што пренесуваат странските медиуми, тој веќе подолго време е во лоши односи со својот клуб.

Карим Бензема замина на одмор пред повеќе од три недели, го деактивирал својот Инстаграм профил и задоцнил за подготовките цели 17 дена. Дестинацијата за одмор на славниот напаѓач беше Маурициус.

“Бензема пристигна во Саудиска Арабија во четвртокот навечер, со 17 дена доцнење. Требаше да се врати на 2 јануари. Клубот е тажен поради тоа што се случи бидејќи не можат да стапат во контакт со него веќе десет дена”, вели анонимен извор.

Заминувањето на Бензема е најавено, засега нема информации каде ќе ја продолжи кариерата.

ПретходноФранција доминантно против Исланд (ВИДЕО)
СледноМеси и Ди Марија планираат да се вратат во Париз, причината не е ПСЖ