Португалски Портимоненсе со 16 бразилски играчи, руски Зенит со 11…

232

Бразилските фудбалери ги има насекаде низ светот, речиси со секоја лига има по некој фудбалер од една од најголемите фудбалски земји. Ако гледаме само Европа на првите три места по број на бразилски играчи во своите редови се португалски екипи. На чело е Портимоненсе со дури 16 фудбалери од Бразил, следуваат Естрела Амадора и второлигашот Санта Клара со по 14. Потоа доаѓа руски Зенит со 11 играчи заедно со уште две португалски клуба Мореиренсе и Маритимо.
Во првите 10 места, дури 9 се португалски екипи.

Ако ги тргнеме португалските екипи, тогаш Зенит е на првото место, рековме со 11 бразилски играчи, потоа следува Шахтјор Доњецк со 9, па Нашар Лајонс од Малта со 7 исто колку Молембек од Белгија, Лудогорец од Бугарија и Санта Лусија од Малта…
Интересно, овој рецепт во минатото успешно го користеше Шахтјор Доњецк, во сезоната 2021/22 ги имаше дури 14!

Сега има само пет Бразилци во првиот тим и уште четири кои се на позајмици. Моленбек позајмува играчи од Ботафого што е логично затоа што првиот човек Џон Текстор е сопственик и на Ботафого и на Лион.

ИЗВОР: Sports.ru

ПретходноПрва лига мажи: Пелистер во нов обид да го освои СЦ „Јане Сандански“
СледноДенеска на ЕП: Хрватска мора да победи ако сака полуфинале